Почетна Убавина и здравјеТамара Тодевска повторно со Лука Радовиќ – по гласините за раскин, љубовта повторно победи

Тамара Тодевска повторно со Лука Радовиќ – по гласините за раскин, љубовта повторно победи

од nenad
1 минути читај за

По неколкудневните шпекулации дека ставиле крај на врската, Тамара Тодевска и Лука Радовиќ повторно се заедно. Гласините за раскин започнаа откако пејачката ги избриша заедничките фотографии од својот Инстаграм профил и објави видео во кое на духовит начин се претстави како „сингл мајка“ во потрага по партнер. Проблемите во љубовното гнездо навистина постоеле.

Сепак, Тамара сподели заедничка фотографија со Лука по повод неговиот роденден, со емотивна порака:

„Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш!!! Среќен роденден љубави“, напиша таа, со што јасно стави до знаење дека љубовта продолжува.

Извори блиски до парот велат дека тие навистина имале кратка пауза, но по неколку дена повторно се смириле и решиле да ѝ дадат нова шанса на врската. Очигледно, чувствата биле посилни од моменталните недоразбирања.

Поврзани објави

Кој е Лука?

Лука Радовиќ е млад архитект и основач на архитектонското студио „1010 architects“. Тој неодамна наполни 33 години и е осум години помлад од Тамара, која наскоро ќе го прослави својот 41 роденден.

Иако разликата во години предизвика коментари на почетокот, парот досега покажа дека тоа не претставува пречка. Лука има одличен однос и со децата на Тамара – Хана и Дарен – што дополнително ја зацврстува нивната врска.

Според блиски пријатели, двојката планира Денот на вљубените да го прослави заедно, далеку од очите на јавноста, посветени еден на друг.

По сè изгледа, љубовната приказна на Тамара и Лука продолжува – посилна од било кога.