Кратка руса фризура, црн фустан и препознатлива холивудска естетика – Тамара Тодевска влегува во сосема нова визуелна улога во пресрет на албумот „Кукла жива“.
Тамара Тодевска ги изненади фановите со нова визуелна трансформација инспирирана од легендарната Мерилин Монро. Кадарот е дел од нејзиниот нов албум „Кукла жива“, кој носи 10 песни и 10 визуелни приказни.
Режисерот Мартин Трајановски сподели фотографија од проектот и напиша:
Момент во кој морам да се штипнам, навистина“.
Поврзани објави
„Кукла жива“ е создаден со повеќе од 100 уметници, а Тамара претходно откри дека песните се инспирирани од нејзините лични искуства, успеси и падови.
По промоцијата, на 3 октомври следува и голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Screenshot Instagram