Почетна МакедонијаТалески: Ни остана уште една шанса, мора да се бориме до крај

Талески: Ни остана уште една шанса, мора да се бориме до крај

од nenad
1 минути читај за

Филип Талески е разочаран по тешкиот пораз од Холандија, вели дека мора да најдеме начин да се кренеме и да ја победиме Аргентина во последното коло.

Македонија доживеа уште еден висок пораз со двоцифрена разлика, загубивме од Холандија со 34-24, нашите ракометари одиграа разочарувачки меч. Шанса за пласман во главната рунда се уште имаме, за тоа треба да ја совладаме Аргентина во последното коло.

„Се повторуваме, техничките грешки и непостојаноста се клучот за поразите. Треба да преземеме нешто, да се бориме, имаме уште една шанса за да одиме понатаму. Ќе се обидеме да ја победиме Аргентина во последниот меч“, изјави Филип Талески по мечот.

Инспирирано од: infomax.mk