Почетна Убавина и здравјеТаа е жена што урива сè со своето деколте, а сега покажа зошто има тело на божица (ВИДЕО)

Таа е жена што урива сè со своето деколте, а сега покажа зошто има тело на божица (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Џесика Алба може да се пофали со совршена фигура на која би ѝ позавиделе многу помлади девојки.

Една од најубавите актерки Џесика Алба маѓепсува со својата појава на секој чекор, а за нејзиниот изглед постојано се зборува со денови. Без разлика дали е црвениот тепих или плажа, таа е секогаш главна тема.

Џесика се најде во центарот на вниманието кога потврди дека се точни гласините дека се разведува по 17 години брак. Таа има три деца во бракот со Кеш Ворен.

Меѓутоа, овој пат темата не е нејзиниот развод, туку нејзиното убаво тело, а актерката ни покажа и како изгледа еден нејзин тренинг, благодарение на кој изгледа како девојче.

Сè што ви треба е подлога и удобна облека за вежбање, па полека следете сè што прави сексапилната актерка.


Поврзани објави

Видеото набрзо собра неколку илјади прегледи, но и коментари. Сите се воодушевени, не само од нејзиното тело туку и од нејзиното лице.

Џесика за тренингот избра хеланки и краток топ и на тој начин ги истакна сите свои облини за кои можеби овој пат не сакаше да бидат во фокусот, но не успеа во тоа.

Познати се и нејзините бикини-фотографии, папараците се неуморни кога се работи за неа, па будно ја следат и секогаш ја воодушевуваат публиката со нови воодушевувачки фотографии од познатата актерка, која има 43 години.

Фото: Instagram @jessicaalba