Наташа Беквалац на нејзиниот роденден и испрати емотивна порака на својата сестра Кристина Беквалац, откривајќи дека таа е единствената личност која ги знае сите нејзини мрачни тајни.
Наташа Беквалац е многу блиска со своите сестри, особено со Кристина, која и беше голема поддршка во текот на целиот живот и кариера.
Кристина има многу успешна кариера како моден дизајнер и е таа која најчесто се грижи за стајлингот на Наташа. Кристина исто како и Наташа немала среќа во љубовта, па сестрите најдобро се разбираат и се најголема поддршка.
Наташа со емотивна порака и честиташе роденден на својата сестра Кристина.
Поврзани објави
„Денес и е роденден на мојата поубава, посилна, подобра половина, која ме прави цела. Ти си мојата супер сила, ти си мојата љубов, мојот најдобар пријател, ти си чувар на секоја моја тајна, ти ги знаеш сите мои мрачни тајни. Ти си богатството на мојот живот, само ти знаеш да си играш со мене. Ти благодарам што заедно шетаме низ овој живот, не можев да имам подобро друштво, те сакам Кико“.
Наташа и Кристина во моментов со своите деца престојуваат во Париз, каде што го посетија и Дизниленд.
printskrin Youtube/ Natasa Bekvalac