Водителката отворено проговори за семејната динамика и дистанцата што постои
Водителката и актерка Сузана Манчиќ веќе 25 години е во љубов со грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, а од 2018 година се во брак. Таа живее на релација Белград–Атина, но дури сега јавно проговори за односот со неговите деца, откривајќи дека меѓусебната блискост не е голема.
Во секое семејство има недоразбирања и тензии. Не можам да кажам дека ме сакаат, но не можам ни да кажам дека не ме сакаат“, изјави Сузана, додавајќи дека станува збор за однос на дистанца, можеби и поради тоа што децата на нејзиниот сопруг се постари.
Поврзани објави
Манчиќ се осврна и на односот меѓу нејзините ќерки и Симеон, нагласувајќи дека тие го прифатиле како татковска фигура. Според неа, нејзините деца се многу поблиски со него отколку што неговите деца се со неа.
Симеон Оцомокос е успешен и влијателен бизнисмен, кој во текот на кариерата бил извршен директор на Американско-хеленската стопанска комора и генерален секретар на неколку меѓународни бизнис совети. И покрај сложените семејни односи, Сузана истакнува дека нивниот брак се темели на почит и заемно разбирање.
printskrin youtube – rts – mancic