Судијата Шабани го водеше предметот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и е во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“ кој започна во 2018 година, во кој тој, исто така, е претседател на Судечкиот совет.
Минатата недела Советот ја делегираше и новоизбраната судијка во Апелација, Александра Ристеска, кој е дел од судечкиот совет на предметот „Ласкарци“, чија пресуда треба да биде објавена утре.Ристеска беше вратрна во Кривичен за да не почне од почеток судењето за „Ласкарци“, а истото може да се случи и со случаите „Талир“ и „Титаник“ со изборот на Шабани во второстепениот суд.