Славниот пејач Лиам Пејн почина на 31-годишна возраст
Растажените обожаватели на Лиам Пејн ја оплакуваа ненадејната смрт на ѕвездата на 31-годишна возраст, споделувајќи „проклети“ стихови од хит-песната на групата One Direction, со наслов Story of My Life.
Лиам починал во Буенос Аирес откако паднал од својата соба во хотелот Casa Sur Palmero во среда вечерта.
По веста за неговата ненадејна смрт, обожавателите почнаа да споделуваат видеа од Лиам од музичкиот спот на споменатата песна, каде што ги пее проклетите стихови, за кои се тврди дека ја предвиделе неговата смрт.
Еве како гласат:
„И јас ќе си заминам, си заминувам вечерва
Земјата под моите нозе е широко отворена
Премногу цврсто се држев
Иако немаше за што да се држам“
„Сега ќе плачам кога ќе ја слушнам оваа песна“, напишал еден обожавател под ТикТок-видеото на кое Лиам ги пее овие зборови.
„Болно е да се слуша како го изговара овој стих“, додал друг.
Поврзани објави
„Липам“, напишал еден обожавател, додека друг се надоврзал: „Срцето ми е скршено“
„Кога ќе умрам, овие зборови ќе бидат напишани на мојата плоча“, „Оваа песна веќе не е иста“, „Оваа музика ги прави нештата уште потажни“, коментарите се нижеле.
Story of My Life е носталгична балада на групата One Direction која го истражува патувањето низ животот и начинот на кој нè обликуваат искуствата.
Четириминутниот спот ги прикажува поранешните членови на бендот, Лиам, Хери Стајлс, Зејн Малик, Најл Хоран и Луис Томлинсон, како и вистински членови на нивните семејства.
Музичкиот спот е личен приказ на детството на членовите на бендот, преку стари фотографии, кои потоа секој од нив ги рекреира со членовите на своите семејства.
Во видеото Лиам е со неговите сестри Никол и Рут, како и со мајка му и татко му, Џеф и Карен.
Песната е објавена во 2013 година, пред излегувањето на третиот албум на бендот Midnight Memories. Многумина ја протолкуваа оваа песна како проклета, бидејќи точно го опишува начинот на којшто починал.
ФОТО: Инстаграм @liampayne