Почетна БалканСтавревски и Канчевска Милевска ќе останат без пасош и лични карти

Ставревски и Канчевска Милевска ќе останат без пасош и лични карти

од nenad
1 минути читај за
t

Обвинителот Лапе кој го води случајот со кодното име Феникс за 11 споменици за проектот Скопје 2014, за екс министерите, второобвинетиот Зоран Ставревски и третобвинетата Канчевска Милевска, ќе побара само одзземање на нивните патни исправи и личните карти бидејќи немале директна инволвираност.

Објаснување за поблаги мерки за нив е и верувањето на обвинителството дека тие ке им бидат достапни и нема да се дадат во бегство и затоа било доволно само судот да им ги одземе пасошите и личните карти.

Четворица од вчера приведените меќу кои тогашниот председавач на општината Центар Владимир Здравев кој се смета за клучна фигура во криминалот со цените на спомениците и уште тројца добија по 30 денови притвор во Шутка.

Тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ доцна синоќа доби куќен притвор, таков притвор доби уште еден осомничен а еден од осомничените е во бегство. Акцијата за приведување на осомничените според обвинителот Лапе ја активирал Владимир Здравев кој најверојатно добил информации дека во случајот со 11 споменици тежок 57 милиони евра од кои 16 милиони евра завршиле во приватни џебови односно имало злоупотреба на службена дејност и перење пари.

Обвинителот објасни дека осомничен е и еден Италијански државјанин кој веројатно тешко ќе биде обезбеден но од леарницата во Италија ги добиле фактурите кои се половина пониски од тие што се наплаќале од касата на општина Центар. Во криминалот првоосомничен е тогашниот премиер Никола Груевски кој вчера преку фејсбук го оквалификува случајот како политички прогон и спинување за да се затскриела криминалната и неспособна актуелна власт.