Почетна БалканМаскирани израелски командоси упаднаа во болница во Џенин, убиени тројца милитанти на Хамас – Курир

Маскирани израелски командоси упаднаа во болница во Џенин, убиени тројца милитанти на Хамас – Курир

од nenad
1 минути читај за
ВИДЕО: Маскирани израелски командоси упаднаа во болница во Џенин, убиени тројца милитанти на Хамас

X/الجزيرة فلسطين

Војската на Израел соопшти дека војниците ги „неутрализирале“ милитантите на Хамас кои се криеле во болница во окупираниот град Џенин на Западниот Брег и дека планираат неизбежен напад.

Војската идентификуваше едно од лицата како Мохамед Џаламнех (27) од Џенин, за кој рече дека имал контакти со штабот на Хамас во странство и дека планирал „напад инспириран од масакрот на 7 октомври“.

За другите двајца се вели дека се милитанти од областа. „Џаламнех планирал да изврши терористички напад во блиска иднина и ја користел болницата како скривалиште и затоа е неутрализиран“, соопшти армијата.

Војската одби да каже дали тројцата се убиени, но радиото „Гласот на Палестина“ објави дека тројца Палестинци биле убиени во болница.

Западниот Брег, кој е меѓу областите каде што Палестинците бараат државност, имаше бран на насилство по нападот на 7 октомври, што беше поттик за војната во Газа меѓу Израел и Хамас.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа почетокот на нападот на израелските командоси врз болницата. Автентичноста на снимката ја потврди и Ал Џезира. На видеото се гледа дека Израелците биле маскирани во лекари и медицински сестри.

Хамас порача дека „злосторствата на израелската армија нема да останат без одговор“. Тие тврдат дека еден бил во кревет кога бил убиен. (МИА)

Извор : Kurir.mk

ВИДЕО: Маскирани израелски командоси упаднаа во болница во Џенин, убиени тројца милитанти на Хамас