Почетна Убавина и здравјеСрпската полиција го спаси поп-пејачот Даниел Кајмакоски oткако бил киднапиран во Белград

Српската полиција го спаси поп-пејачот Даниел Кајмакоски oткако бил киднапиран во Белград

од nenad
1 минути читај за

Македонскиот поп-пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во Белград, потврдија од неговиот тим за односи со јавност, додавајќи дека тој сега е добро.

„Зборував со Даниел и добро е, не побарал лекарска помош по инцидентот. По ноќта помината во полиција, сега е дома. Тој нема да дава натамошни изјави додека трае истрагата“,изјави Миланка Рашиќ, која е пи-ар на пејачот.

Српските медиуми објавија дека Кајмакоски бил пресретнат од вооружени лица близу „Бетон хала“ во Белград, по настапот во еден елитен клуб. Тие под закана со нож и пиштол го врзале и го ставиле во автомобил со намера да му изнудат 20.000 евра. Кајмакоски бил спасен откако полицијата се обидела да го запре автомобилот со киднаперите кај градот Рума.

Поврзани објави

„Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале Даниел и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра. Оделе накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале. Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица“, кажа Рашиќ.

По бурниот развод од манекенката Кристина Димитриевска, со која помина три години во брак, Кајмакоски главно се повлече јавната сцена. Во последните години живее во Белград со втората сопруга Марина и двете деца.

Фото: Инстаграм Принтскрин  https://www.instagram.com/p/CPs9PW1He2z/?hl=en