Пејачката Марја Шерифовиќ ретко ги споделува своите емоции, но нејзината последна објава на Инстаграм открива длабоки чувства и размислувања за животот и среќата.
Марја Шерифовиќ, позната по својата резервираност во јавноста, неодамна сподели емотивна порака на Инстаграм, во која открива колку е важно да се обрне внимание на малите нешта во животот.
Таа признава дека често се чувствува уморно од постојаното трчање, докажување и борба, но истовремено потсетува на значењето на моментите кога сè се смирува и кога може да се преиспитаат приоритетите.
Среќата не е нешто што треба да го чекаме во иднината или кога ќе постигнеме одредени цели. Таа се наоѓа во сегашниот момент и во малите нешта кои често ги земаме здраво за готово“, напиша Марја.
Поврзани објави
Нејзината порака допре до многу обожаватели, кои ја пофалија за искреноста и храброста да ги сподели своите чувства, потсетувајќи дека и јавните личности се соочуваат со исти предизвици како и сите нас.
printskrin Youtube-MARIJA SERIFOVIC