Почетна ЕкономијаСредношколски упис: Денес стартува електронското пријавување

Средношколски упис: Денес стартува електронското пријавување

од nenad
2 минути читај за

Почнувајќи од денес и сѐ до полноќ на 17 јуни, ќе се одвива првото дигитално запишување во јунскиот уписен рок за ученици во прва година во државните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Регистрацијата на учениците се спроведува преку електронска апликација, достапна преку врска до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука: https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со специјална најава за средношколци преку нивните сопствени кориснички профили на schools.mk.

По завршувањето на електронската пријава, учениците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ги достават потребните документи во училиштата.

Конечната листа на рангирање со резултатите од уписот и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12 часот, на видно место во училиштето и/или на веб-страницата на училиштето.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, истото ќе биде организирано на 23 јуни 2025 година, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025 година, од 00:00 до 23:59 часот, а потребните документи во училиштата ќе се доставуваат на 1 јули 2025 година, од 10 до 19 часот.

Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната листа на рангирање со резултатите од уписот и слободните места.

Во второто пријавување во јуни, квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025 година.

Уписот во августовскиот уписен период ќе се врши на 21 август 2025 година од 00:00 до 15:00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документацијата до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна листа на рангирање со резултатите од уписот.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени потребните документи за упис во јавните средни училишта, како и упатства за негово спроведување. хс/дма/