Почетна ТехнологијаСредба Агелер – Муцунски – МАКТЕЛ

Средба Агелер – Муцунски – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за




Денеска се сретнав со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. Разговаравме за претстојното Генерално собрание на ООН, нашите евроинтеграции и потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Искажав благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократизацијата на нашата држава. Разменивме мислења за одличните билатерални односи и начините за нивно понатамошно зајакнување во рамките на Стратешкиот дијалог со САД. Реафирмиравме дека нашето силно сојузништво во НАТО останува столб за одбрана на заедничките демократски вредности, особено имајќи ги предвид актуелните безбедносни предизвици.-Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на РС Македонија.