100
Два преполнети автобуси со вардарски навивачи утренава тргнаа за Белград да го бодрат ракометниот тим во СЕХА пресметката со белградски Партизан, на која црвено-црните претрпеаа убедлив пораз, во 55. минута од мечот. Полицијата на нашиот северен сосед ги претресуваше речиси до гола кожа пред да им дозволи да влезат во Србија. Со полициска придружба се упатиле накај Белград, но беше прекускано да стигнат на почетокот на средбата. На стартот на второто полувреме црно-белите фанови го дочекаа Вардар со грчко знаме и извадија парола со која го навредија целиот македонски народ.