Почетна Македонија Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

од nenad
2 минути читај за




Едното лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводна сообраќајна незгода, кои требало да му ги врати откако ќе извади пари од банкомат. Како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти, и потоа избегало.
С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР.

   

Според пријавеното, едното лице се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив.
„Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти. Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен“, се вели во полицискиот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING