Актуелниот италијански шампион со Наполи, Лучијано Спалети, имаше лошо деби како селектор на Италија, откако одигра само нерешено на вечерашното гостување кај Македонија (1-1), во меч во кој неговата селекција беше видена како апсолутен фаворит.Доскорешниот стратег на нашиот Елиф Елмас по средбата се обиде да ги најде причините за неуспехот, кои ги виде во цврстата последна линија на жолто-црвените, како и очајната состојба на теренот на „Тодор Проески“.
„Одигравме повеќе од солидно. Не му дозволивме премногу на противникот, кој се реши да игра со петмина дефанзивци во последната линија, што ни овозможи да го искористиме нашиот поголем индивидуален квалитет. Не можевме да ги раздвоиме, а ни одмогна и очајниот терен, не можевме да одиграме квалитетни додавања на ваква ораница. Синоќа не спиев многу, без возбуден поради дебито и ќе беше подобро да победевме, но сега ќе сториме се тоа да го направиме во вторник на домашната средба против Украина“, изјави Спалети.Англија е лидер во групата со 13 бодови од пет средби, Украина има седум од четири дуели, додека Италија и Македонија имаат по четири бодови, но од три односно четири натпревари.