На 25 март, судот се согласи да ја одложи исплатата на 454 милиони долари на Трамп доколку тој плати 175 милиони долари во рок од десет дена.Истиот суд ќе ги слушне аргументите на Трамп во септември, неколку недели пред претседателските избори кои ќе се одржат на 5 ноември.
Судот претходно пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на своето богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.
Во меѓувреме, компанијата-мајка на платформата Truth Social на Трамп изгуби 20 отсто од својата вредност за време на тргувањето на Nasdaq, откако независната американска Комисија за хартии од вредност покажа дека компанијата остварила загуба од 58 милиони долари во 2023 година.Откако излезе на берза минатата недела, Trump Media & Technology Group, достигна врв од 79 долари по акција во четвртокот пред вчера да падне на 48,66 долари.