Почетна ЕкономијаСо одлуката за дополнување на платите во МФ е нарушено владеењето на правото, вели претседателката на Уставен

Со одлуката за дополнување на платите во МФ е нарушено владеењето на правото, вели претседателката на Уставен

од nenad
1 минути читај за




Вработените во Министерството за финансии, кои се членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска излегоа на протест пред зградата на Уставниот суд. Од него тие побараа средба со претседателката на Уставен и објаснување „како тоа во најбрз можен рок“ била поведена постапка за оваа иницијатива, додека сите иницијативи за нивните плати се одбиваат или за нив сè уште не е поведена постапка.

   

Претседателката на Уставен, Кацарска прашана за протестот и реакциите на вработените во МФ на прес-конференцијата на која даде осврт на работата на Судот за годината што изминува, рече дека во конкретниот предмет е нарушено владеењето на правото. Според неа надополнувањето на платите на вработените во Министерството и институциите кои се под негова надлежност не е втемелено ниту во закон, ниту во колективен договор.

„Ние секогаш одлучуваме за секој предмет, во смисла дали законите се во согласност со Уставот, дали колективните договори и другите пониски акти се во согласност со законите и Уставот. Во конкретниот предмет нарушено е владеењето на правото, едно од темелните вредности согласно нашиот Устав. Таа категорија на вработени добија не додатоци, туку една категорија каде се споменува дополнување на плати согласно Законот за буџет. Основно е дека истите немаат утврдено такво право ниту во закон, ниту во колективен договор. Значи на секој вработен треба да му биде утврдено правото во закон или во колективен договор, а не со Законот за буџет да се надополнува некој износ од плата. Членот 9 од Уставот вели дека граѓаните се еднакви согласно законите и Уставот, а овде е опфатена само една група на вработени“,рече Кацарска.