Table of Contents
Кој накит оди со сребрена, а кој со златна облека? Еве како да изгледате елегантно, а не евтино
Црвениот фустан не простува грешки. Нему не му треба помош, не сака конкуренција и не поднесува вишок. Во моментот кога ќе го облечете, сè друго мора да се повлече чекор наназад – особено накитот. И токму тука многу жени грешат: во желбата да го „засилат“ впечатокот, всушност го уништуваат. Зашто разликата меѓу моќна елеганција и евтин ефект често се сведува на едно прашање – дали сте го избрале вистинскиот накит со вистинската боја.
Сребрен накит – со кои бои најдобро оди?
Среброто делува ладно, чисто и модерно. Најдобар ефект дава со:
- Бела – минималистички, свежо, многу елегантно
- Црна – остар контраст, вечерна класика
- Сива / графит – софистицирано, урбано
- Сина (морнарска, кобалт, тегет) – ладна елеганција
- Виолетова, лила, лаванда – префинето и ненаметливо
- Пастелни тонови – пудра розова, ментол, бебешко сина
Среброто најдобро изгледа со ладни и чисти бои.
Златен накит – со кои бои изгледа луксузно
Златото е топло, богато и доминантно. Идеално оди со:
- Беж, крем, боја на песок – луксуз без напор
- Кафеава, чоколадна, камел – многу скапо и елегантно
- Маслинесто зелена, темнозелена – софистициран гламур
- Слонова коска – префинето, особено летно време
- Бордо, винска, темновиолетова – сериозна вечерна елеганција
Кога станува збор за црвен фустан – тука најчесто се греши
Да бидеме брутално искрени:
Црвено + погрешен накит = инстант кич.
Поврзани објави
Што изгледа евтино со црвен фустан:
- Дебели жолти златни ланци
- Големи алки, нараквици и прстени „на куп“
- Комбинирање и злато и сребро
- Премногу сјајни парчиња што се натпреваруваат со фустанот
Црвената веќе е агресивна, силна и сексуална боја. Ако ја „преоптоварите“, станува вулгарна.
Што ИДЕАЛНО оди со црвен фустан
1. Минималистичко сребро
- Тенко синџирче
- Дискретни обетки
- Еден прстен
Дава ладен контраст и ја „ублажува“ агресијата на црвената.
2. Мат злато или champagne gold (многу дискретно)
- Никако жолто злато
- Само едно парче – или обетки или белегзија
Изгледа скапо само ако е суптилно.
3. Без накит (најмоќната опција)
- Црвен фустан + чиста кожа + добра фризура
- Евентуално само часовник или мали обетки