„Благодарение на донацијата од холандскиот партнер денес почнуваме еден нов период, една нова заложба за да дојдеме до подобри и еколошки одржливи шуми. На почетокот ќе пошумиме помали површини, а тоа се површини кои во минатото беа оштетени од шумски пожари и тоа ќе се одвива под надзор на холандскиот партнер како и од овластените институции во државата. Состојбата со шумите на Шар Планина до некаде е задоволителна, имаме шумски комплекси кои се во добра состојба, меѓутоа на некои места, каде што е пренагласена бесправната сеча и деловите кои се оштетени од пожари, таму штетите се навистина големи. На тие предели неопходна е човечка интервенција и преземање стручни мерки за нивна ревитализација“, изјави Милорад Андријески, раководител во Одделението за одржливо користење на природните ресурси.
„Многу сме горди што почнуваме соработка со НП ‘Шар Планина‘. Среќни сме и привилегирани што може да работиме и да му помагаме на раководството да ја претвиме Шар Планина во богата со шума и биолошка разноликост“, вели Руд Ван Бруијн.