Преку игра и песна децата ни покажаа дека знаат многу за нутритивните вредности на намирниците што секојдневно се на нивното мени. Во градинките се стекнуваат првите навики за здрава исхрана, клучни за правилниот раст и развој. По тој повод, Општина Центар им додели на сите градинки пакети со здрава храна.
Благодарност до компаниите „Винчини“ и „Алкалоид“ за нивната поддршка и вклученост во настанот Ден на здравата храна во Општина Центар! Се надеваме дека градинките ќе уживаат и во куклените театри што им ги подаривме, со цел да ја промовираме театарската уметност меѓу најмладите.