Почетна Убавина и здравје„Со денови не можеше да дојде при себе…“ – Убавина и здравје

„Со денови не можеше да дојде при себе…“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Регионалните медиуми не престануваат да брујат за бременоста на омилената српска актерка Анѓелка Прпиќ, која наводно го чека своето второ дете.

Според извори блиски до актерката, нејзиниот нов партнер и татко на детето е најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ. Станува збор за другар на Дарио од средно, кој ги изненадил нивните заеднички пријатели.

„Анѓелка е бремена петти месец, а таткото на детето е многу добар пријател со нејзиниот поранешен сопруг. Дарио требаше да му биде кум на свадбата со жената со која беше 11 години, но бидејќи раскинаа, до свадба и кумство не дојде“, открил изворот за српски Курир.

Поврзани објави

Според Курир, сопругот на актерката бил многу љубоморен на нејзините машки колеги со кои соработувала од самиот почеток на бракот и тоа била главната причина за развод. Најпрвин му пречел глумецот Драган Миќановиќ од серијата „Жените од Дедиње“, но и Андрија Милошевиќ поради серијата „Андрија и Анѓелка“. Но се зборува дека на крајот на бракот пресудила и аферата на Дарио со српската старлета Ава Карабатиќ.

 На Дарио не му ни паѓаше на памет дека Анѓелка ќе влезе во врска со човек со кој со години се најдобри пријатели. Тие дури требаше да бидат кумови. Со години доаѓа кај нив дома. Не можеше ни да помисли дека освен пријателство, може да има нешто со поранешната сопруга Анѓелка, поради која ја оставил девојката со која бил во врска 11 години. Кога една блиска личност му кажала дека се заедно неколку месеци и чекаат дете и дека сè кријат од него, останал шокиран. Со денови не можеше да дојде при себе. Воопшто не се сомневаше дека се работи за лага или озборување, бидејќи оваа личност е многу блиска со Анѓелка и детално е запознаена со нејзиниот живот“, вели изворот

Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk