Почетна Убавина и здравјеСоставот на кората ќе ве изненади! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Составот на кората ќе ве изненади! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Оваа брза торта со кремлив фил и тенка кора од наполитанки го воодушевува секој што ја пробал

Ако обожавате кремливи и крцкави десерти, а не сакате да поминувате многу време во кујна, тогаш ова е идеалната торта за вас! Кората од наполитанки ѝ дава посебен вкус, па никој не може да остане на едно парче.

Состојки:
  • 300 г наполитанки (најдобро чоколадни)
  • 400 мл слатка павлака
  • 180 г крем-сирење
  • 200 мл кондензирано млеко
Приготвување:

Ставете ги наполитанките во сечко, па ситнете ги додека добиете правлива смеса, а потоа префрлете ги во калап за торта и убаво израмнете ги за да добиете кора. Ставете ги во фрижидер.


Поврзани објави

Во подлабок сад изматете крем-сирење и слатка павлака, па кога смесата ќе биде густа, сипете кондензирано млеко и матете уште некоја минута.

Извадете ја кората од фрижидер, нанесете го филот одозгора и израмнете со шпатула.

Декорирајте ја тортата по вкус, со чоколадни или шарени трошки, мелени јаткасти плодови, рендано чоколадо, бонбончиња…

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

ФОТО: Јутјуб