Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина Сара Пројковска.
Сара Пројковска Николовска беше придружен вокал на ДНК, но во текот на својата кариера настапуваше со многубројни музичари. По големата трагедија, на социјалните мрежи со неа се збогуваа колегите од Факултетот за музички уметности, како и бројни ѕвезди со кои Пројковска беше мошне блиска.
По загубата на сопругот Александар Николовски во 2021 година, џез-трубач и професор по труба, Сара самостојно се грижеше за нивните две деца. Покрај тоа што им беше придружен вокал на речиси на сите поп-изведувачи во Македонија, таа работеше и како вонредна професорка по пијано на ФМУ.
Поврзани објави
Телото на магистер Сара Пројковска Николовска за последен поздрав ќе биде изложено во црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток, на 20 март 2025 , од 12 до 14 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
Нека ѝ е лесна земја и нека почива во мир.
Фото: Инстаграм