Сообраќајот на магистралните и регионалните патишта е вообичаен, на коловози кои на одредени места се влажни, информираше утринава Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на движење по сообраќајниците надвор од урбаните зони е умерен.
На граничните премини, од наша страна, не се забележуваат подолги застои при влез и излез од земјава.
АМСМ упатува препорака за приспособување на брзината на возење, почитување на наведената сообраќајна сигнализација и внимателно раководење со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои веројатност од појава на одрони.
Ова правило особено важи за патиштата помеѓу Катланово и Велес, Маврово и Дебар – Струга, Виница и Берово, како и Кочани и Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително користење зимска опрема во автомобилите, независно од актуелните метеоролошки услови. лв/фото: МИА архива.
Извор: МИА