Почетна ЕкономијаСончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник дожд

Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник дожд

од nenad
1 минути читај за

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7

Во Скопје, ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.

Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.