Поддржувачите го дождоа делегацијата на високи функционери од ДУИ, во состав потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу. „Среде овации и барања за отставка на Артан Груби на несподобните министри што тој ги предводи, чаирчаните се информираа за барањата за враќање на ДУИ во својата генеза, до народот и подалеку од политика за лични интереси на штета на ДУИ и албанскиот народ“, стои во соопштението на „огнената група“. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека сите пораснале и созреале во духот на ДУИ, а Чаир е бастионот на ДУИ веќе 20 години.
Создајте фронт со противниците за да се спаси фотелјата.
95
претходен текст