Table of Contents
Сосот песто од босилек е најбрзиот и најздравиот оброк што можете да го приготвите за време на летните горештини
Состојки:
- свеж босилек, само листовите
- семе од тиква – може и бадеми, ореви, индиски ореви
- маслиново масло
- лук, кашкавал по избор
Приготвување:
Измијте го босилекот, одвојте ги ливчињата и ставете ги во блендер. Додајте семки по желба (или јаткасти плодови), сипете малку маслиново масло, додајте сол и сето тоа сомелете го во густа смеса.
Сварете макарони или шпагети, па додајте ги врелите тестенини во добиеното песто.
Поврзани објави
Послужете со салата од домати, а може да додадете и по некоја маслинка.
Зошто токму ова е најздравиот летен ручек?
Главната состојка на овој оброк е свежиот босилек, кој е еден од најсилните антиоксиданси. Босилекот е извор на витамин Б6 и магнезиум и важи за една од најдобрите состојки за здраво срце. Ако се консумира свеж, има уште посилно дејство.
Доматот важи за главна овошка за слабеење, бидејќи 95 отсто од доматот е сочинет од вода. Богат е со А, Ц, К, Б6 витамини, фолна киселина и калиум, натриум, магнезиум, фосфор и бакар. Одличен е за срцето и за снижување на крвниот притисок.
Тука е и маслиновото масло – најдобрата од сите маснотии што треба да ги внесете во телото. Едно лажиче содржи токму онолку витамин Е колку што е потребно за здравјето на кожата. Редовната употреба го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.