Почетна Убавина и здравје„Совршенството не постои – автентичноста и самодовербата е тоа што нè прави убави“ – Убавина и здравје

„Совршенството не постои – автентичноста и самодовербата е тоа што нè прави убави“ – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Каљтрина ни откри што сака и што не сака кај себе

Таа, пред сè, е професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“, но еднакво успешна е и како мејкап-артистка. Маркантната Каљтрина Круезиу остава силен впечаток каде и да се појави благодарение на својата самодоверба и харизма, а кои се тајните на нејзината убавина ви откриваме во продолжение…

Стареењето е неизбежна фаза во животот, но некои луѓе потешко ја прифаќаат…

Јас никогаш во мојот живот не сум се чувствувала помлада. Тоа е веројатно така затоа што со правилна нега, здрав живот и позитивен став, секој може да изгледа и да се чувствува убаво без разлика на возраста. Стареењето не треба да се гледа како загуба, туку како можност за зрела, софистицирана убавина што доаѓа со искуство и себеприфаќање.

Како го одржувате младешкиот изглед?

Моите правила за нега и убавина се едноставни, комбинирам природна нега, правилна исхрана и минимални естетски третмани кога е потребно. Хидратацијата е број еден, пијам многу вода во текот на денот и користам квалитетна козметика за лице и тело. Најважни ми се редовното чистење на кожата, здравата исхрана, редовниот сон и редовните третмани за биостимулација на колагенот и еластинот во кожата.

Од вашето искуство како мејкап-артист, кои се најчестите грешки што ги прават жените при шминкањето?

Најчестите грешки што ги прават жените се: погрешен тон на пудра, претерано контурирање, лошо изблендирани сенки, но најмногу ми пречи е претераното исцртување на усните надвор од границите на природната линија. Тоа е сосема „аут“. Претпочитам уредна и чиста шминка, без разлика дали е појака или понежна. Шминката треба да нè прави посигурни, но никогаш да не ни ја сокрива вистинската убавина.

Како ги негувате духот и психичкото здравје?


Поврзани објави

Ме исполнуваат активности како фитнес, јога, планинарење, патувања и поминување време со најблиските. Смеењето со семејството и пријателите е најдобриот лек за секој лош ден.

Никогаш не сте криеле дека ја поддржувате пластичната хирургија…

Нема што да се крие, бидејќи современата жена може да се истакне и докаже на интелектуално ниво со многу поважни работи. Пластичната хирургија и естетските корекции се личен избор и секој има право да изгледа како што сака. Не гледам ништо лошо во тоа да се направи корекција доколку е за сопствено задоволство и со мерка. Жените што кријат најверојатно се плашат од осуди и општествен притисок.

Што сакате, а што не сакате кај себе?

Ја сакам мојата самодоверба, верувам во себе и не се плашам да бидам автентична. Ја сакам мојата посветеност, енергија и харизма. Секогаш се вложувам 100% и умеам да ширам позитивна енергија. Можеби би го променила перфекционизмот кај себе, бидејќи ми одзема време и понекогаш ме заморува. А што се однесува до физичкиот изглед, не би сменила ништо затоа што се грижам за себе си и го ценам тоа што го имам.

Што би ги советувала девојките кои не се задоволни од својот изглед?

Најважниот совет што би им го дала е: убавината не е само во физичкиот изглед, туку во енергијата, ставот и начинот на кој се носите. Никој не е совршен, но кога зрачите со самодоверба, луѓето ве гледаат како убави. Мојот најголем трик за поголема самодоверба е психичкото здравје. Верувам дека кога сме исполнети однатре, тоа се гледа и однадвор. Совршенството не постои, но автентичноста, самодовербата и личниот развој е тоа што нè прави убави.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА