Почетна ЕкономијаСОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

од nenad
1 минути читај за




ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на Градот Скопје декана територијата на скопската општина Шуто Оризари комуналниот отпад
континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот план за одржување на
јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на
градот Скопје, усвоени од страна на Советот на Градот Скопје.

   

Во таа насока, би сакале да напоменеме дека само во периодот 27 мај –1 јуни 2024 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и
транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари.