Пејачката откри детали и ја истакна важноста на позитивната енергија
Пејачката Теодора Џехверовиќ проговори по непријатниот инцидент што го доживеа за време на настап во Франција. Додека настапувала на сцената со своите танчерки, едно момче од публиката фрлило чаша која ја погодила во градите. Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, а Теодора призна дека во прв момент не сфатила што се случило.
Таа потенцира дека ваквите ситуации се дел од работата и дека секогаш се сретнува со различни луѓе и различни нивоа на зрелост.
Јас избирам да се занимавам со музиката и љубовта што ја добивам, а не со поединечни инциденти“, изјави пејачката.
Поврзани објави
Теодора додаде дека верува дека станува збор за незрелост и потреба за внимание, а не за зла намера.
Тоа се години кога луѓето учат што значат границите и почитувањето, затоа не сакам никого да оценувам или осудувам“, рече таа, нагласувајќи дека го цени позитивното внимание и љубовта од својата публика.
Пејачката заклучи дека ќе продолжи да се фокусира на илјадниците обожаватели кои ѝ пренесуваат љубов и почит со години, оставајќи негативните ситуации во минатото.
Instagram/teodoradzehverovic