По целиот настан Михајло веднаш се огласи на социјалните мрежи…
Михајло Веруовиќ Војаж преку својот Инстаграм профил објави дека синоќа му е откажан настапот во Охрид.
Како што напиша младиот рапер во објавата, поради преголемата посетеност на неговиот настап реагирале надлежните органи и интервентната единица и го прекинале концертот.
Поради интервенција на полицијата бев принуден да го прекинам настапот во Охрид. Поради преголемата посетеност и безбедносната проценка на државните органи, интервентната единица реагираше и го прекина настапот и ме симна од сцената. Охрид, супер си бил! Многу ми е жал што настапот беше прекинат, бидејќи енергијата беше неверојатна, но не можеме да одиме против одлуките на државните органи. Се надевам дека наскоро ќе успееме да го надоместиме ова и да направиме уште поголем спектакл. Војаж ве сака и благодарам за разбирањето“ – напиша раперот во својата објава на Инстаграм, а потоа покажа дел од атмосферата:
Поврзани објави
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: