Почетна Македонија„Сметката е платена“, рече Нетанјаху по убиството на лидерот на Хамас

„Сметката е платена“, рече Нетанјаху по убиството на лидерот на Хамас

од nenad
1 минути читај за




Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема да остане на власт во Појасот Газа. „Граѓани на Израел, Јахја Синвар е мртов. Одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена“, рече Нетанјаху.

Во изјавата по потврдената смрт на Јахја Синвар, израелскиот премиер рече дека Израел го направил тоа што го ветил. „Денес злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој. Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, Нетанјаху рече дека тоа е „важен момент во војната“.

„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето дома на сите ваши најблиски, кои се наши сакани“, рече тој, нарекувајќи го тоа своја „најголема посветеност“. Тој исто така имаше порака до жителите на Газа, велејќи: „Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но всушност се криеше во мрачно дувло – и беше убиен кога панично бегаше од нашите војници“.