За згодно тело во лето се почнува во зима…
Губењето вишок килограми никогаш не е лесна задача. Сепак, многумина имаат чувство дека не можат да ја постигнат посакуваната цел. Затоа Фелисија Кетли, популарната инфлуенсерка, решила на своите следбеници да им открие што јадела секој ден за да ослабе. Изгуби 63 килограми и постигна неверојатна трансформација.
Станува збор за ручек кој се состои од само три состојки – свежо нискомаслено сирење, варено пилешко и чедар сирење. Фелисија, која има 27 години, истакна дека овој оброк е богат со протеини, и дека може да се подготви за само десет минути.
Поврзани објави
Инфлуенсерката на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го објаснува рецептот.
„Потребни се само 10 минути за да се направи ова јадење и ме држи сита неколку часа“, напиша таа.
Нутриционистите и диететичарите препорачуваат приближно 30 проценти од калориите да потекнуваат од протеини. Ако сакате да изгубите тежина, внесувајте 1,6 и 2,2 грама протеини по килограм телесна тежина на дневно ниво.
Протеините го зголемуваат чувството на ситост и ја зачувуваат мускулната маса, потешко се складираат како масти, потребни се за регулирање на шеќерот во крвта и ослободување на маснотиите од масните клетки.
Фото и видео: Инстаграм