Онлајн-коцкањето, како и било кој вид коцкање, кај нас за многумина се’ уште е контроверзна тема. Но тоа не е така во многу земји во светот, вклучувајќи ги и оние од каде што доаѓаат најславните жени.
Многу светски познати личности од женскиот пол уживаат во онлајн-коцкањето. Секако, тие на оваа активност гледаат како на забава, а не како на начин на заработка.
Затоа, доколку и вие сакате да играте рулет или која било слична игра во некое kazino online и да искористите казино бонуси кои се нудат таму, имајте го предвид овој пристап.
Продолжете со читање на нашата статија за да дознаете повеќе за славните жени кои уживаат во онлајн-коцкањето.
Парис Хилтон
Како што веројатно знаете, Парис Хилтон е една од наследничките на основачот на познатите хотели Хилтон. Парите никогаш не биле проблем за Парис која ѝ стана позната на јавноста по учеството во позната риалити емисија во раните 2000-ти години.
Денес, таа е позната и како пејачка, актерка, диџејка, инфлуенсерка, активистка, но и како успешна жена во полето на бизнисот.
Последната активност, односно бизнисот, е една од причините поради која Парис Хилтон влезе во светот на онлајн коцкањето. Имено, таа е бренд амбасадор на познато социјално казино почнувајќи од 2024 година.
Покрај тоа што се појавува во неколку промотивни кампањи, таа исто така често игра рулет и покер онлајн.
Како дополнување на онлајн коцкањето, оваа инфлуенсерка има искуство и со традиционалното коцкање. Па така на пример, таа неколку пати се има коцкано на неформални турнири заедно со Леонардо ди Каприо. Интересно е тоа дека го има прославено 31-от роденден во казино.
Шенон Елизабет
Дали се сеќавате на филмот Американска Пита? Еден од главните ликови беше Надја која ја глуми Шенон Елизабет, една од славните жени кои се најдоа на нашата листа.
Секако во нејзината филмографија ќе забележите дека има глумено и во други познати филмови и ТВ серии вклучувајќи ги и серијалот Страшен Филм, Тринаесет Духови, како и Луди Седумдесетти.
Откако го достигнала врвот во нејзината кариера, Шенон се решила да одвои повеќе време за нејзината втора пасија – коцкањето. Таа самата во 2006-та го има опишано покерот како нејзина втора кариера.
Има учествувано на многу познати турнири под менторство на некои од најдобрите покер играчи на сите времиња. Во последните години, таа е активна и на многу онлајн платформи кои нудат покер и коцкање. Нејзината активност може да се следи на социјалните мрежи. По се изгледа дека Шенон Елизабет не само што ужива во онлајн коцкањето туку и забележува успех.
Џенифер Тили
Поврзани објави
Уште една позната актерка заслужува место на нашата листа на славни жени кои уживаат во онлајн коцкањето. Овој пат станува збор за американско-канадската актерка Џенифер Тили.
Интересно е што во 1994 година била номинирана за Оскар за споредна улога во филмот Куршуми над Бродвеј. Дополнително има освоено награди како наградата Сатурн.
Покрај погореспоменатиот филм, таа се појавува во познати филмови како Лажго Лажго, Опседнатата Куќа, Невестата на Чаки и Малиот Стјуарт.
Тоа што ја прави особено интересна за нас е нејзиниот интерес за коцкање. Тили пред се е позната како покер играч. Најголемиот успех го има постигнато во 2005-та година кога освоила нараквица на познатата светска серија на покер и награда вредна преку 150,000 долари.
Секако, со зголемувањето на популарноста на онлајн коцкањето, таа се почесто ги користи познатите казино сајтови за да ги покаже своите знаење и тестира својата среќа.
Викторија Корен Мичел
Викторија Корен Мичел можеби не е до толку позната како некои од имињата кои ќе ги најдете во оваа статија, но оваа британска ТВ презентерка и писателка, секако вреди да биде спомената во оваа статија.
Позната е по тоа што пишува статии за Дејли Телеграф, а често овие статии се поврзани со коцкањето. Таа ги советува коцкарите како да уживаат во оваа активност и како да избегнат зависност. Дополнително, Викторија е водителка на познатиот квиз на Би-Би-Си – Само Поврзи (Only Connect).
Интересот за коцкањето се појавил во дваесетите години од нејзиниот живот. Таа често ги посетувала казината каде уживала во разни игри.
Меѓу другото, Мичел е позната и како покер играч. Таа е првата жена која го има освоено Европскиот Покер Турнир. Таа често игра Тексас Холд’ем, но како што кажавме, сака да пробува и други игри особено игри на маса како рулет.
Памела Андерсон
За крај, имаме едно име кое веруваме им звучи познато на сите читатели. Се работи за Памела Андерсон, актерката која сите ја паметиме по нејзината улога во ТВ серијата Чувари на Плажата каде глумеше заедно со Дејвид Хаселхоф. Памела беше дел од уште неколку популарни филмови и серии.
Покрај тоа, таа во минатото беше и модел како и позната медиумска личност. Но, она што малкумина го знаат е дека Памела е љубител на коцкањето. Како и неколку други славни жени од овој список, таа е особено заинтересирана за покер иако лица блиски до неа велат дека неретко игра и други игри.
Сепак, во поглед на покерот, таа се појавува на многу турнири кои вклучуваат познати личности. Дополнително, присуствува и на главните покер настани во улога на гледач што го потврдува нејзиниот интерес за оваа активност.
Иако не можеме со сигурност да тврдиме дека посетува онлајн казина, голема е веројатноста дека таа го прави тоа со оглед на достапноста и популарноста на овој начин на коцкање.
Текст: ПР
Фото: Freepik.com