„Очекувам дека се ќе помине во најдобар можен ред. Ова е важен самит. Имаме шанса да покажеме капацитетност, демократски вредности. На завршување на самитот, сите држави од светот, да гледаат со уважување кон нас. Сметам дека на сите треба да ни биде чест. Апелирам до граѓаните да имаат трпение за време на одржување на самитот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Нема да има блокада на цел град, ама ќе има блокада на одредени улици по кои ќе се движат делегациите“, рече Спасовски.
Триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, во салата Борис Трајковски во Скопје. Настанот се одржува во рамки на македонското претседавање со оваа меѓународна организација.