Почетна ЕкономијаСКОПЈАНИ ДЕНЕС ГО ДИШАТ НАЈЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО ЕВРОПА

СКОПЈАНИ ДЕНЕС ГО ДИШАТ НАЈЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО ЕВРОПА

од nenad
1 минути читај за

28 ноември 2024, Скопјани утрово го дишат најзагадениот воздух во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Индексот на загадување изнесува 161, а воздухот е означен како нездрав.Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и поради затоплувањето на домовите.

Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови. Засега не се изречени мерки за ослободување од работа на граѓаните кои спаѓаат во ранливите категории кога е во прашање здравствената состојба иако со денови воздухот во Скопје бележи високи нивоа на загаденост.