Фолк ѕвездата позната по контроверзии и хитовите стана дел од жирито на најгледаното шоу.
Дара Бубамара, фолк пејачката со долгогодишна кариера и бројни хитови, официјално е новата членка на жирито на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд. Информацијата ја потврди и самата продукција со свечено соопштение.
Од Гранд велат дека со големо задоволство и возбуда ја прифаќаат Дара Бубамара во своите редови. Според нив, таа е пејачка со автентичен стил, искуство на сцената и силна врска со публиката, што ќе биде вистинско освежување за шоуто.
Нејзината енергија, директност и харизма се клучни причини за ова ново ангажирање. Продукцијата верува дека таа ќе донесе нова динамика и дополнителен жар во натпреварувањето.
Поврзани објави
Публиката веќе со нетрпение очекува да ја види Бубамара во акција – ова е само почеток, велат од Гранд:
Шоуто дури сега почнува!“
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda