Познатата пејачка повторно разнежи илјадници следбеници со емотивно видео од својот дом
Марија Шерифовиќ уште еднаш го освои срцето на публиката, овојпат не со песна, туку со топол момент со нејзиниот син. На својот Инстаграм профил, таа објави кратко видео кое веднаш предизвика бура од емоции кај фановите.
На снимката, Марија нежно го гушка малиот Марио и му зборува со најискрени зборови:
Знаеш ли дека си ми сонце, срценце, медено срце?“ – додека го бакнува со љубов.
Поврзани објави
Иако мајчинството го чуваше далеку од очите на јавноста, познато е дека пејачката го доби својот син со помош на сурогат мајка. Веста за доаѓањето на малиот Марио беше изненадување за многумина, но веднаш беше пречекана со огромна радост.
Фановите ѝ упатија стотици пораки со поддршка, а Марија докажува дека ужива во секој момент со својот наследник. Топлината, љубовта и искреноста се чувствуваат во секој кадар од видеото, кое веќе стана вирално.
printskrin Youtube-K1 Televizija