Почетна Убавина и здравјеСите се загрижени поради нејзиниот изглед, а еве што вели таа… – Убавина и здравје

Сите се загрижени поради нејзиниот изглед, а еве што вели таа… – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Адријана Лима е манекенка која со 45 години и три деца жари и пали на светската модна сцена

Не може да им се угоди на сите, а тоа најдобро го знае Адријана Лима која во период од три години стана главна тема на различни расправии. Во вторник била видена како пристигнува на снимање емисија во Њујорк. Носела антилоп кафени панталони и соодветно сако, додека одозгора носела пуфкаста јакна.

„Ова е нејзиното најслабо издание досега, буквално се смалила“, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Приказните за екстремното губење килограми на Адријана Лима дополнително се проширија откако таа се појави на Модната недела во Париз. Нејзините слаби нозе дојдоа до израз под предимензионираната јакна.

„Оземпик! Ете што ѝ се случило. Девојката претера со слабеењето“, пишуваа под загрижувачките фотографии.


Поврзани објави

Самата Адријана Лима има откриено дека една година интензивно тренирала и тоа придонело за нејзиниот слаб изглед. Сега, таа се подготвува за ревија на „Викторија Сикрет“ и за таа пригода пожелно е да има вита фигура.

Пред само една година сите светски медиуми пишуваа дека Адријана Лима изгледа дебело. Во 2023 година, Адријана се врати во центарот на вниманието по третото породување. Нејзиното лице беше сменето и тогаш најмногу се зборуваше за неуспешен ботокс.

Денес, во фокусот се нејзините нозе, но манекенката не ги коментира приказните што се шират за неа. Вредно работи на својата среќа и на сите фотографии е насмеана. На сите „чаршиски муабети“, таа само се насмевнува.

ФОТО: Инстаграм