Почетна ТехнологијаСИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

од nenad
1 минути читај за

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кoj престојува во посета на земјава. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, процесот на нашата европска интеграција, низ призма на меѓународниот поредок, ЕУ амбиентот, како и регионалните предизвици. „Обете страни искажаа задоволство од конструктивната соработка во повеќе области и го потврдија многу пати докажаното силно пријателство, засновано на меѓусебното разбирање, почит и подршка. Водени од актуелните состојби на европскиот континент, но и пошироко, соговорниците укажаа на важноста на усогласениот регионален пристап за справување со безбедносните предизвици“, соопштија од Кабинетот на претседателката. Сиљановска-Давкова изрази длабока благодарност за цврстата и континуирана поддршка на Хрватска за македонското членство во ЕУ и спремност за проширување и продлабочување на соработката во различни сфери од интерес на двете држави.