Почетна ЕкономијаСиетл: Златарница ограбена за 90 секунди – полицијата бара четворица напаѓачи

Сиетл: Златарница ограбена за 90 секунди – полицијата бара четворица напаѓачи

од nenad
1 минути читај за

Вооружени со чекани, четворица разбојници со маски извршија грабеж во златарница лоцирана во западниот дел на Сиетл. Според извештаите на полицијата, тие успеале да одземат накит и скапоцени предмети со вкупна вредност од приближно два милиони долари, сето тоа за помалку од две минути.

Инцидентот се случил во четвртокот во попладневните часови. Видео надзорот снимил како осомничените, вооружени со чекани, ги кршат стаклените врати и ги испразниле шесте излози за само 90 секунди.

Според извештаите на Еј-Би-Си њуз, меѓу украдените предмети се наоѓаат и часовници „Ролекс“ проценети на 750.000 долари и огрлица со смарагди вредна 125.000 долари.

За време на разбојништвото, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и тејзер. За среќа, нема повредени. „Длабоко сме потресени како вработени. Продавницата ќе биде затворена извесно време“, изјави потпретседателот на семејната златарница, Џош Минаше.

Полициските сили пристигнале на местото на настанот веднаш по пријавата, но извршителите веќе побегнале со автомобил и во моментов се во бегство. ссм/фото: принтскрин . Извор: МИА