Значително слабиот изглед на манекенката предизвика загриженост меѓу фановите поради можните здравствени проблеми
Познатата манекенка Адријана Лима синоќа присуствувала на забавата на „Revolve“, организирана во рамките на Модната недела во Париз, која се одржува од 28 септември до 6 октомври. Снимките од настанот повторно го привлекоа вниманието кон нејзината драстично ослабена фигура, па на социјалните мрежи дури се појавија коментари за анорексија, но и за одредени лекови кои во последно време станаа вистински хит меѓу светските ѕвезди поради нивното дејство врз телесната тежина, иако првично се наменети за сосема друга медицинска цел.
Адријана Лима за забавата избрала мини-фустан од кожа, кој потсетува на пократка, предимензионирана кожна јакна, со впечатлив ремен од истиот материјал. Плик-чантата и салонките во иста боја го заокружиле нејзиниот шик стајлинг, во кој доминирала црната боја. Изданието на бразилската манекенка истовремено ги следи и трендовите на минимализмот и ретро-модата со акцент на деведесеттите.
Стајлингот ѝ донесе бројни комплименти, но нејзината екстремно вита линија го засени дури и модниот печат.
Лима покажа исклучително слаба фигура, што предизвика бројни реакции.
„Се надевам дека не е анорексија. Нејзините нозе никогаш не биле вака слаби“, „Какви се овие нозе?“, „Озeмпик тело“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Со последниот коментар се алудира на „Оземпик“, лек кој се користи во третманот на дијабетес и треба да се употребува исклучиво за медицински индикации и под лекарски надзор.
„Боже мој! Адријана имаше прекрасно тело, сега останаа само коски и кожа“, „Мис Оземпик“, пишуваат други корисници.
Коментарите главно се поттикнати од загриженоста на нејзините обожаватели. Иако има и такви кои го фалат нејзиниот изглед, преовладуваат реакциите на изненадување и шок поради големата промена во нејзината фигура.
Поврзани објави
Адријана Лима качи вишок килограми за време на третата бременост. Во август 2022 година, со сопругот Андре Лемерс го доби синот Сајан. По породувањето, манекенката беше изложена на бројни негативни коментари во кои се тврдеше дека засекогаш ја изгубила фигурата по која беше позната, а често се коментираше и дека лицето ѝ е отечено од ботокс.
По лавината критики, Лима порача дека нејзиниот изглед во тој период бил последица на замор, со кој се соочувала како мајка. Во интервју за „Vogue“ откри и дека третата бременост многу тешко ја поднела. Од бракот со Марко Јариќ, манекенката ги има и ќерките Сиена и Валентина.
Во август 2024 година стана очигледно дека Лима значително ослабела. Кога се појави во Париз, каде што учествуваше на Модната недела, покажа драстично поинаков изглед. Уште поголемо внимание предизвика нејзиното појавување на ревијата на „Victoria’s Secret“ во 2025 година во Њујорк.
Манекенката никогаш не откри како точно успеала да ги намали вишокот килограми. Наместо тоа, на социјалните мрежи објавуваше снимки од тренинзите и фотографии од здрави оброци, нагласувајќи дека вежбањето и внимателно испланираната исхрана се клучни за нејзината форма.
Сепак, Лима не само што го намали вишокот килограми, туку, според коментарите, ослабела и повеќе од тоа. Во јавноста се појавија и шпекулации дека одредени естетски корекции имаат удел во тоа што на 45 години изгледа речиси како на почетокот на кариерата. Сепак, експертите имаат различни ставови, а дел од нив сметаат дека генетиката и негата се главните фактори за нејзиниот младешки изглед.
Кога станува збор за исхраната, познато е дека нејзиното мени го креираат нутриционист и експерт за кинеска медицина. Во нејзината исхрана доминираат немасни протеини, особено риба и пилешко, како и многу зеленчук, наут, едамаме и вода.
Лима вели дека не е приврзаник на ригорозни и исцрпувачки диети, бидејќи ѝ треба енергија за напорните тренинзи. Покрај јогата и пилатесот, меѓу активностите кои ѝ помагаат да ја одржува формата се високоинтензивните HIIT тренинзи, возењето статичен велосипед, но и нејзината голема љубов – боксот, кој го практикува со личен тренер.
ФОТО: ИНСТАГРАМ