Македонската водителка се пофали со неочекувана средба со тенискиот ас, а нејзината објава веднаш ги разбранува социјалните мрежи.
Живкица Каленикова повторно успеа да направи нешто за што повеќето можат само да сонуваат – средба со една од најголемите спортски ѕвезди на планетата. Овојпат, во нејзиниот објектив се најде никој друг, туку тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.
Водителката фотографираше со српскиот шампион и моментот го сподели со своите следбеници, а покрај фотографијата испрати и кратка, но моќна порака:
Со најдобриот, со најголемите на сите времиња!“.
Доволно за објавата веднаш да привлече огромно внимание.
Поврзани објави
Коментарите под фотографијата не престанаа да се нижат. Следбениците беа особено љубопитни да дознаат каде точно се случила средбата со Ѓоковиќ, додека дел од нив веднаш се пошегуваа и прашаа кога тенискиот шампион конечно ќе дојде во Македонија.
А ова е само уште една во низата средби на Каленикова со светски познати лица. Во нејзината колекција веќе има моменти со Џејмс Корден, Роби Вилијамс, Лионел Меси и Антонела Рокуцо, како и со Шакира. По ваква импресивна листа, едно е сигурно – Живкица знае како да се најде на вистинското место во вистинско време!
printskrin Instagram