Мелани Грифит го испеглала лицето до совршенство со пластични операции
Актерката Мелани Грифит била фотографирана во друштво на ќерка ѝ, а многумина забележале дека го испеглала лицето до совршенство. Добро познато е дека актерката уште одамна почнала со правење естетски зафати за да изгледа младолико.
Иако се мислеше дека познатата актерка си ја научила лекцијата и престанала со интервенции, Грифит повторно потклекнала и легнала под нож, а резултатот е неверојатен.
Интервенциите што претходно ги правела, предизвикале контраиндикации, па лицето ѝ беше во полоша состојба одошто пред операциите. Но според најновите фотографии, изгледа дека ситуацијата значајно се подобрила, а таа го добила тоа што го сакала – лице на 30-годишна жена.
„Не бев свесна како изгледам додека не ги слушнав туѓите коментари. Се надевам дека сега изгледам подобро“, рекла таа во една пригода.
Поврзани објави
Инаку, актерката има 67 години и конечно успеала да се „подмлади“. Но многумина и понатаму коментираат дека вратот ја издава и дека не можела да ги скрие тие брчки.
Освен што е зависна од естетски операции, со години се зборуваше дека актерката претерано консумирала алкохол и дрога, додека сопрузите и децата се обидувале да ја изведат на правиот пат. Во седмата деценија од животот таа конечно е „чиста“, но никој веќе не ѝ верува.
Се шпекулираше и дека нејзиниот поранешен сопруг Антонио Бандерас бил делумно виновен за тоа што актерката се навлекла на пластика. Додека беа во брак, се пишуваше дека Бандерас ја изневерувал на секој чекор, поради што таа многу сакала да се подмлади.
ФОТО: Инстаграм @melaniegriffith