Поп-пејачката Ана Николиќ искрено за своето бунтовно минато, проблемите со алкохолот и скандалите што ја следеа.
Ана Николиќ, позната по својата искреност, неодамна проговори за своето бунтовно минато. Таа откри дека како ученичка често бегала од часови, се тепала и имала единица по поведение, иако била одлична ученичка со сите петки.
Никогаш не сум пушела марихуана, но сум се тепала и правела циркус“, изјави таа во емисија.
Покрај тоа, Ана се присети на своите почетоци, кога работела како келнерка за да заработи пари за излегување.
Поврзани објави
Заработив две или три плати на мајка ми и татко ми. Повеќе не морав да барам пари од нив и бев среќна, бидејќи сакам кога сум независна“, рече таа.
Николиќ исто така се осврна на некои од скандалите што ја следеа низ годините. Во 2010 година, таа беше приведена поради возење под дејство на алкохол, со над два промила во крвта. Исто така, неколку пати се нашла во физички пресметки, како со девојки поради момчиња, така и со својот брат Марко, кој е и нејзин менаџер.
И покрај сите контроверзии, Ана тврди дека нејзиниот живот е комбинација на традиционални вредности и современ стил.
printskrin Youtube-blic tv