Соседите на популарниот пејач откриваат детали за неговото однесување и секојдневие
Комшиите на Милан Станковиќ не останаа рамнодушни кога беа прашани за животот на пејачот во нивното маало. Некои од нив го опишуваат како повлечен, ладен и дури и „умислен“. Велат дека речиси никогаш не го гледаат да се движи пеш и дека секогаш делува замислено или намуртено.
Тој човек никогаш не шета. Секогаш е во или излегува од автомобил. Не се однесува како обичен човек. Да, тој е познат, но не мора да гледа сите со висина“ – раскажува еден од соседите, нагласувајќи дека Милан не се вклопува со останатите.
Други соседи, пак, имаат поинаква перцепција. Тврдат дека Милан е мирен и неупадлив.
Поврзани објави
Ми делува изгубено, како дете што игра игри дома. Се зборува дека се повлекол, се свртел кон верата и посетува манастири“ – изјави еден постар жител од улицата.
Млада соседка која живее во истата зграда откри дека секогаш се поздравуваат, но никогаш не воспоставиле подлабока комуникација. Таа додава дека Милан никогаш не направил проблем, ниту пак се слушала гласна музика од неговиот стан.
printskrin Youtube-amig show