Таканареченото течно тесто за пица е меко, а филот останува сочен и кога ќе се испече
Оваа пица е спас во последен момент, кога немате време да месите тесто. Само ги мешате состојките, ги префрлате во плех и печете.
Состојки:
За тестото:
- 250 мл кефир
- 160 г брашно
- 1 јајце
- Половина лажиче сол
- Половина лажиче шеќер
- 1 лажиче прашок за печиво
- 1 лажица растително масло
За филот:
Поврзани објави
- 160 г кашкавал
- 150 г шунка
- 3-4 шампињони
- Кромид, по вкус
Приготвување:
1. Изматете го јајцето со кефирот, маслото, солта и шеќерот. Додајте брашно помешано со прашок за печиво и промешајте за да добиете хомогена течна смеса, погуста од смеса за палачинки.
2. Исечкајте шунка, кашкавал, печурки и кромид.
3. Премачкајте плех или обложете го со хартија за печење и префрлете го тестото. Рамномерно распоредете го филот преку течното тесто. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути, додека зарумени.
Добар апетит!