Мајката на Меган Маркл не можеше да ги задржи солзите во документарецот што го објави Нетфликс – „Хари и Меган“, во кој зборуваше за својата ќерка и тортурата која ја преживеала во кралскиот дворец.Имено, Дорија Регланд, која живее во близина на својата ќерка Меган и принцот Хари во Калифорнија, се расплака додека раскажуваше за својата ќерка и нејзиниот тежок период, кој го имала, како и нарушеното ментално здравје додека живеела во Велика Британија.Таа раскажа и дека се чувствувала одговорна што не можела да ѝ помогне на Меган, која поминувала низ голема психичка тортура.Хари во филмот, исто така, изнесува низа тајни за својот брат и татко, алудирајќи дека неговиот татко и брат се венчале со жени не од љубов, туку поради тоа што си одговарале. Поврзани објавиВојводата во документарецот открива и дека членовите на семејството се бунеле зошто на Меган ѝ била потребна поголема медиумска заштита одошто на другите жени во семејството и дека не можеле да ги сфатат „расните елементи“ и големиот притисок од јавноста.Дел од кралските експерти филмот го нарекоа глупост, додека други го гледаат како „одмазда“.Првите три епизоди се емитувани минатата недела, а денес ќе се емитуваат уште три кои траат три часа, а за да се снимат истите семејството добило милионска сума на пари.Фото: Printscreen Netflix
Се плашела дека „нема да може да ја спаси ќерка си“ – Убавина и здравје
89